Албанскиот прволигаш Скендербег ќе заработи најголема казна во историјата на фудбалот поради местење на резултати.
Според локалните медиуми Скендербег ќе биде суспендиран 10 години од сите натпреварувања на УЕФА и ќе плати 1 милион парична казна.
Дисциплинската комисија при УЕФА покрена истрага за сезоната 2015/2016 поради местење на натпревари во домашното првенство и на меѓународната сцена.
Наместени биле натпреварите против Спортинг Лисабон, Динамо Загреб и Локомотив Москва.