Енцо Фернандез по Мундијалот е еден од најбараните играчи на пазарот, но заинтересираните нема така лесно да го купат.
Според извори од Португалија, Бенфика добила понуда вредна 100 милиони евра, но одбила да го продаде, бидејќи наводно бараат астрономски 120 милиони!
Иако не беше прецизирано за кој клуб станува збор, се шпекулираше дека е Ливерпул, но тоа не беше потврдено од сигурни извори. Она што е сигурно е дека Ливерпул го следи Енцо, а Јирген Клоп го сака, но во трка за неговиот потпис се и Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, па дури и Манчестер Сити и ПСЖ.
Преференцијата на Енцо наводно е Ливерпул, но прашање е дали управата на „црвените“ ќе ги внесе овие понуди за неговиот потпис.
Интересно е што Бенфика пред само шест месеци го донесе за 18 милиони евра од Ривер Плата и сега бара уште 100 милиони …