ФУДБАЛ

11 играчи на Јувентус на трансфер-листата!

Ако се верува во она што го пишува „Тутуспорт“, ова лето ќе видиме вистинска продажба на играчи во Јувентус.

На насловната страница на познатиот италијански весник се дадени имињата на дури 11 фудбалери на „Старата дама“, кои се наоѓаат на трансфер-листата.

Спортскиот директор на „Бјанконерите“ нема намера да го продаде секој од нив на класичен начин, ќе смета на некои од играчите кога станува збор за размена со други клубови или трет тип на деловна активност.

Сепак, од овој список би можел да се состави квалитетен тим.

Миралем Пјаниќ, Матија Перин, Матија Де Шиљо, Даниеле Ругани, Кристијан Ромеро, Лука Пелегрини, Адриен Рабиот, Марко Пјаца, Гонзало Игуаин, Роландо Мандрагора и Стефи Мавидиди (член на тимот на У23).

Покрај споменатите имиња, во последните неколку недели успеавме да слушнеме дека Даглас Коста и Арон Ремзи може да го напуштат Торино.

Помалку или повеќе од списокот не се изненадување затоа што повеќето од споменатите играчи веќе се поврзани со напуштање на Јувентус. За некои е сигурно, за некои помалку сигурно, но јасно е дека клубот од Торино повеќе нема да изгледа исто, се со цел да го доближи играчкиот персонал до визијата што ја има Маурицио Сари.

Секако, тие имаат намера да ги отвори своите врати за нови имиња по продажбата на споменатите, па ова лето ќе биде едно од „најтрофејните“ за Старата дама.

Некои играчи кои се поврзуваат со Јувентус се Вилијан, Оуар, Погба, Тонали, Мертенс