ФУДБАЛ

140 милиони евра за Санчо!

Борусија Дортмунд бара 140 милиони евра за Џејдон Санчо. Изгледа дека Манчестер Јунајтед би можел да ја плати оваа оваа цифра откако ќе го продаде Пол Погба

Манчестер Јунајтед верува дека со тоа ќе го победи конкурентот Челси, со кого е во трка за потписот на Санчо.

Англиската sвезда блеска во дресот на Борусија Дортмунд и би можело ова лето да се врати во Премиер лигата.

Британскиот медиум „Мирор“ објави дека германскиот клуб бара 140 милиони евра за Англичанецот.

„Црвените ѓаволи“ се чини дека се подготвени да ја платат сумата за 19-годишникот.

Тие се надеваат дека прво ќе го продадат Пол Погба за да го купат поранешниот играч на Манчестер Сити.

Санчо во последните две сезони е сензација во Бундеслигата.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига