16-годишното момче плачеше на своето деби за Спортинг (ВИДЕО)

Written by

in

Спортинг во саботата го совлада Гимараеш со 1:0 во 24. коло од Примеира.

Со оваа победа, 20-та во шампионатот, Спортинг задржа предност од 10 бода пред Порто и е на прагот на нова титула.

Голот за победа на домашниот тим го постигна Инасио во 42-та минута, а мечот ќе остане запаметен по најмладиот дебитант во историјата на славниот тим во кој исто така ја започна својата кариера Кристијано Роналдо.

Дарио Есуго влезе во 84-та минута наместо искусниот Жоао Марија и со 16 години и пет дена е убедливо најмладиот кој играше во дресот на Спортинг на професионален натпревар.

Денот ќе го памети засекогаш, а камерите го снимија како плаче од огромна емоција.