Марк Верстапен на драматичен начин на трката во Абу Даби стигна до својата прва шампионска титула, откако во последниот круг го мина Хамилтон. Титулата беше доделена на церемонија во Париз, а Хамилтон во знак на револт не дојде. Запрашан за коментар, Верстапен рече:
-Не ми е жал, иако разбирам дека е болно. Но на крај и тој на сличен начин стана шампион“, изјави Верстапен.
Секако, тој алудираше на 2008-ма година кога Хамилтон во последниот свиок во последниот круг му ја „украде“ титулата на Фелипе Маса.
Првиот човек на Мерцедес Тото Волф изјави дури и дека постои можност Хамилтон да не се врати наредната сезона во Формула 1. Новиот шампион Верстапен смета дека Хамилтон ги има сите причини да се натпреварува и следната сезона и покрај незадоволството од исходот од последната трка.