Одличен почеток на сезоната на напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд. На неговите први 11 официјални натпревари, тој всушност постигна 18 голови, што е доволно за да го привлече вниманието на најелитните европски клубови.
За него веќе се интересираат Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед, а Манчестер Сити како нов кандидат се вклучи во списокот во последните часови.
Како што пренесува весникот „The Sun“, граѓаните се подготвени да понудат 50 милиони фунти за да ги обезбедат услугите на норвешкиот напаѓач.