ФУДБАЛ

30.000 го пречекаа Роналдо во Ријад

30.000 навивачи го пречекаа Кристијано Роналдо на стадионот во Ријад бидејќи Португалецот официјално беше претставен како фудбалер на Ал Насер.

37-годишниот напаѓач со клубот од Саудиска Арабија потпиша договор на две и пол години. Потоа ќе остане во него како амбасадор.

“Толку сум горд што ја донесов оваа важна одлука во мојот живот. Во Европа мојата мисија е завршена. Освоив се и играв за најважните клубови во Европа. Ова е нов предизвик”, изјави Роналдо на прес-конференцијата.

Патот на ѕвездата започна од „Спортинг“ (Лисабон) и минуваше низ „Манчестер Ју“ (2 пати), „Реал“ и „Јувентус“. Последен беше на Олд Трафорд од каде си замина со скандал.

Португалецот пет пати ја освојуваше Златната топка и пет титули во Лигата на шампионите (1 со Јунајтед и 4 со Реал).

Никој не го знае ова, но имав многу понуди од Европа, Бразил, Австралија, Америка. Му дадов збор на овој „Ал Насер“, изјави Роналдо.