Вкупно 32.000 лица се пријавиле да учествуваат на протестот „Демократски цунами“ на „Камп Ноу“ вечерва во 18 часот, на два часа пред почетокот на Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Во протестот ќе учествуваат луѓе од цела Каталонија, а Демократскиот цунами ќе се обиде да собере што е можно повеќе луѓе за да ја подигнат свеста за политичката состојба во Каталонија.
Организаторите на протестот инсистираа на тоа дека нивниот протест не треба да влијае на нормалниот тек на натпреварот.
За овој протест се поставени четири рели пунктови околу стадионот, каде луѓето ќе се соберат во зависност од нивните домови.

Групата „Демократски цунами“ исто така објави дека сите регистранти се веќе опремени со пароли и дека „сè е подготвено за тој ден да присуствуваат 650 милиони луѓе низ целиот свет“.
Групата го оправда планот велејќи дека „Каталонија минува низ вонредна состојба и треба да се преземат вонредни активности“.
„Во моментов значителен дел од каталонското население страда од исклучување од општеството од идеолошки причини“.
„Тие не можат да ги остварат своите основни права без да бидат угнетени. Десетици луѓе се или биле во затвор само затоа што ги оствариле или ги промовирале овие права “, се вели во соопштението издадено од Демократскиот цунами.