ФУДБАЛ

45 минути беа доволни за Алвеш да покаже кој е газда, но причина за славење немаше (ВИДЕО)

Во Ријад се одигра премиерното издание на Купот Марадона во чест на покојниот Диего Армандо Марадона, а се сретнаа Барселона и Бока Јуниорс.

Иако првенството трае во Шпанија, Барселона отпатува за Саудиска Арабија и одигра натпревар во чест на легендарниот Аргентинец.

По 90 минути игра резултатот беше 1:1, а двата гола беа постигнати во вториот дел. Барса поведе над Јутгла, а Зебалос израмни за Бока.

Во пенал серијата поуспешна беше екипата на Бока Јуниорс која славеше со 4:2 откако пеналите за Каталонците не ги реализираа Переира и Хаим.

За Барселона на овој меч настапи и Дани Алвеш, а интересно е што на Бразилецот му беа доволни 45 минути да ја преземе капитенската лента и за кратко време да покаже кој е газда во соблекувалната.

https://youtu.be/4nhAzR3dc90

Иако има 38 години, одличниот дефанзивец покажа дека е во одлична форма, успешно го реализираше првиот пенал при пенал серијата.

Инаку, Алвеш ќе има право на настап за Барселона дури на почетокот на јануари.