Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад во моментов играат натпревар од првото коло од групната фаза во Лига Европа.
Манчестер Јунајтед е фаворит на домашен терен, особено затоа што во последно време игра навистина добро.
Сепак, по првото полувреме резултатот беше 0:0, иако не недостигаа можности, но напаѓачите не беа расположени.
Деталот кој го одбележа првото полувреме беше моментот кога еден од гостинските играчи феноменално му ја протна топката низ нозете на Касемиро.
Дојде како големо засилување од Реал Мадрид и беше скапо платен, но покажа дека дефинитивно има пропусти во неговата игра.
Моментот кога фудбалерот на Реал Сосиедад го посрамоти Касемиро погледнете го ТУКА.
Се очекува Манчестер Јунајтед да тргне на победа во вториот дел, а тоа сигурно ќе остави многу простор за контра напади на играчите на гостинскиот тим.
Дали ќе го искористат, останува да видиме во вториот дел.