Поранешниот тренер на Милан, Виченцо Монтела во продолжението од сезоната ќе седи на клупата на Севиља.
Италијанецот со клубот од Андалузија потпиша договор на 18 месеци и на чело на екипата доаѓа како алтернатива за Едуардо Беризо.
Четириесет и три годишниот Монтела на клупата на Севиља ќе дебитира на трети јануари на дуелот од Купот на Шпанија против Кадиз, а веќе три дена подоцна го очекува градското дерби со Бетис.