Откако турнирот во Хрватска беше откажан поради позитивен тест на коронавирус на еден од натпреварувачите од Бугарија, утрово медиумите во Хрватска објавија дека тројца други се позитивни на Ковид-19.
Еден од нив е и Бора Ќориќ кој се обрати и преку Фејсбук.
„Сакам да ве информирам дека сум позитивен на Ковид-19. Ве молам сите што сте биле со мене во контакт последните денови да се тестирате. Многу ми е жал, доколку кај некој предизвикав проблеми. Добро се чувствувам, немам симптоми. Чувајте се, ви испраќам љубов до сите“, напиша Ќориќ на Фејсбук.