Белгискиот интернационалец Томас Муние потпиша четиригодишен договор со Борусија Дортмунд.
Муние беше еден од ретките играчи на ПСЖ чиј договор истече ова лето, а парискиот клуб немаше намера да го задржи, па 28-годишниот играч започна преговори со другите тимови.
Тој ја одбра Борусија Дортмунд и, според Скај Спорт, во петокот беше во Дортмунд и прифати четиригодишен договор.
Тој го отфрли мини-договорот со Французите до крајот на август, со цел да учествува во преостанатите натпревари од нокаут-фазата од Лигата на шампионите, а сега официјално соопштение се чека од Борусија.
Десниот бек пристигна во ПСЖ летото 2016 година од Клуб Бриж, а оваа сезона собра вкупно 27 настапи, постигнувајќи еден гол со две асистенции.