Челзи е подготвен да донесе уште едно засилување ова лето, а тоа е фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс.
26-годишниот играч имаше спектакуларна сезона, постигнувајќи 10 гола со осум асистенции на 38 натпревари во Серија А, Лигата на шампиони и Купот на Италија.
Аталанта го купи помалку од милион евра во 2017 година, но сега вреди скоро 30 милиони евра, а освен Челзи, Интер и Јувентус го сакаат.
Госенс има двојно холандско и германско државјанство, поголемиот дел од својата младост го помина во Холандија, но реши да игра за Германија.
Челзи веќе го донесе Тим Вернер, тие се близу до потпишување на Каи Хартц, и не би било невообичаено за Госенс ова лето да дојде на „Стемфорд Бриџ“.