Манчестер Јунајтед и Челзи се во расправија за голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Јан Облак е еден од најдобрите голмани на светот и ова е непобитен факт. „Чуварот“ на Атлетико Мадрид може да замине на летниот пазар кон англискиот шампионат, бидејќи има интерес за него.
Челзи и Манчестер Јунајтед имаа проблеми на својот гол и очајно бараат да потпис со Словенецот за новата сезона. Лондончаните не го сакаат Кепа како стартер, бидејќи Шпанецот не ги убеди, додека Де Хеа ги доживува своите најтешки денови во тимот на „црвените ѓаволи“.
Атлетико од друга страна нема да биде лишен од услугите на својот голман, но одличната понудата во вакви времиња на криза тешко е да се одбие.
Можеби ќе бидат во искушение од понудата од околу 100 милиони евра за нивниот голман.