ФУДБАЛ

Ван де Бик потпиша за Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед денес официјално потврди дека на „Олд Трафорд“ пристигна големо засилување.

Имено, Јунајтед договори се со Ајакс, а тие потврдија дека Дони ван де Бик ќе ја продолжи кариерата во Театарот на соништата. Тој ќе биде официјално претставен утре, па сигурно е дека од него се очекува многу.

Ајакс заработи 40 милиони евра од продажбата на овој играч, додека Ван де Бик потпиша петгодишен договор со Јунајтед.