ФУДБАЛ

Одредени се првите две силни групи за ждрепката во Лигата на шампионите

Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21 ќе се одржи во Нион на 1 октомври.

По испаѓањето на Бенфика од ПАОК, познати се сите клубови кои ќе бидат во првите две силни групи за време на ждрепката.

Во првиот шешир се актуелните шампиони во Лигата на шампионите и Лигата на Европа и шампиони во најсилните лиги: Баерн, Севиља, Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Зенит и Порто.

Вториот шешир е исто така исклучително силен: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Шахтјор, Дортмунд, Челзи и Ајакс.

Учесниците на третиот и четвртиот шешир ќе бидат познати по завршувањето на останатите квалификации. Прво третото квалификациско коло, а потоа и плеј-офот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.