ФУДБАЛ

Лукаку откри како се чувствуваше: Четири дена не зборував

Ромео Лукаку има многу добра сезона зад себе во Интер, но поразот во финалето од Лига Европа против Севиља беше многу тежок за него.

Тој е виновен и за еден од головите бидејќи топката ја стави во сопствената мрежа по ударот на Диего Карлос.

“Тоа беше многу тежок момент за мене. Не зборував збор четири дена. Но, еден ден се разбудив и најдов причина. Можев да загубам, но само ако поразот е да научам како да победувам”, рече Лукаку.

Останува да се види дали следната сезона ќе биде толку успешна за Лукаку, кој минатата сезона ги полнеше мрежите низ Италија.

Тој беше исто така многу добар во европските натпреварувања, а прашање е колку можат тој и Интер оваа сезона.

ПОВРЗАНО

Лига Европа