Јувентус вечерва гостуваше кај Кротоне и освои само еден бод, (1:1).
Старата дама без Кристијано Роналдо не успеа да победи во овој навидум лесен натпревар на гости. Гостите имаа и играч помалку на теренот, а ВАР им го поништи голот на Алваро Мората, кој беше во многу мал офсајд.
Актуелните шампиони ќе мора да го прифатат фактот дека е потешко да се остане без Роналдо, а останатите играчи на Јувентус можеби имаа „дополнителни пречки“, бидејќи секогаш насмеаната и дотераната Дилета Леота се наоѓаше покрај теренот.
Атрактивната новинарка беше во интересно издание и секако повторно го привлече вниманието на играчите, но и на сите актери на натпреварот. Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи „профитираше“ најмногу, бидејќи имаше можност да разговара со Дилета пред почетокот на мечот. Веруваме дека уживаше во тие неколку минути.


