Сплитските навивачи во шок, по голот на Емир Сахити постигнат попладнево за неговиот Шибеник. Со тоа урнат беше големиот Хајдук, со резултат од 1-0.
Сахити беше дел и еден од најдобрите фудбалери на Работнички, пред да замине во Хајдук, прво како член на вториот тим, а потоа одигра и четири меча за првиот, пред да оди во Шибеник на заем за оваа сезона.
Иако коронавирусот брзо се шири и во Хрватска, овој натпревар денеска не беше одложен како што претходно беше случајот со Осиек. На натпреварот имаше и присутна публика.