ФУДБАЛ

Клоп е лут како рис, тврди дека Ливерпул е оштетен на секој втор натпревар!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува дека неговиот тим е често жртва на погрешно судење или ВАР одлуки.

Ливерпул вчера го победи Шефилд Јунајтед со 2-1, но Германецот сепак реши да го критикува судењето. Првично го налути фактот што стартот на Фабињо беше казнет со пенал наместо со слободен удар. Клоп верува дека воопшто немало прекршок.

“Воопшто немаше фаули. Одигравме само шест натпревари и на три од овие шест Ливерпул се наоѓаат на спротивната страна на правдата. Шефилд Јунајтед исто така сега доби подарок”, рече Клоп.

„Црвените“ успеаа да стигнат до пресврт и важна победа со головите на Фирмино во 41. минута и Диего Јота во 64. минута пред продолжението на сезоната во која ја бранат титулата.