ФУДБАЛ

Рајан Гигс уапсен!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс беше уапсен вчера во неговиот дом во Ворсли.

Вчераутро полицијата тропна на вратата на сегашниот селектор на Велс, а неговите соседи останаа шокирани кога видоа дека е уапсен Гигс.

Англиските медиуми пишуваат дека тој бил уапсен под обвинение дека физички ја нападнал својата девојка Кејт Гревил која контактирала со полицијата.

46-годишникот бил испрашуван за сè што се случило, и го чувале во полициските простории.

“Полицијата во неделата вечерта доби повик дека Гигс ја нападнал својата девојка и и нанел физички повреди. Затоа е уапсен и наскоро ќе бидат познати повеќе информации за сè”, соопшти полицијата во Манчестер.