На последните неколку натпревари работите се подобрија за Арсенал бидејќи Топџиите врзаа три последователни победи.
Арсенал бара засилување во офанзивниот дел од тимот како поддршка за Пјер-Емерик Обамејанг, Александре Лаказет, Вилијан и феноменалниот Букају Саку.
Новогодишен подарок за северен Лондон може да дојде од Бундеслигата, поточно од Борусија Дортмунд.
Имено, Арсенал сака да го доведе Џулаин Брант во своите редови, а според досегашните информации сите страни се заинтересирани овој трансфер да го комплетираат во јануари.
Германскиот репрезентативец има скромен учинок од еден гол и асистенција оваа сезона. Тој пристигна во Дортмунд летото 2019 година од Баер Леверкузен за 25 милиони евра.