ФУДБАЛ

Куман го одбра составот за дуелот во Гранада

Барселона ќе игра против Гранада од 18.30 часот на натпревар во првенството во кој на гостите им е потребна победа.

Тренерот Роналд Куман повторно го остави Пјаниќ на клупата, и реши да ги изведе следниве 11: Тер Штеген, Дест, Араухо, Алба, Мингуеза, Серхио, Педри, Де Јонг, Дембеле, Меси и Гризман.

Куман смета дека овие 11 се најдобри што можеше да се стори во овој момент со цел да ја совлада Гранада, па останува да видиме дали Каталонците ќе успеат во тоа.