Од доаѓањето на Маурисио Покетино, многу sвезди започнаа да се поврзуваат со ПСЖ.
Аргентинскиот стручњак планира промени во Париз и има список со желби. Еден од нив е неговиот сонародник Серхио Агуеро од Манчестер Сити, кој може да дојде на лето потполно слободен, но тоа не е единственото нешто што Покетино го посакува.
Како негова примарна желба тој наводно го посочил Пол Погба, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, кој не бил на исто ниво на „Олд Трафорд“ откако дојде од Јувентус.
Погба е исклучителен играч, неговите фудбалски квалитети не се доведени во прашање, но едноставно во тимот на Оле Гунар Солскјер не е некој без кого не може да живее, па се смета дека клубот ќе го продаде.
Францускиот шампион, за кој финансиите не претставуваат проблем подолго време, ќе се обиде да го донесе францускиот репрезентативец или сега или на лето, а Манчестер ќе биде подготвен да ги слушне сите понуди.
Освен ПСЖ, неговиот Поранешен клуб Јувентус веќе долго време е заинтересиран за Погба.