Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во италијанската Серија А оваа сезона, но неговиот Јувентус игра очајно.
Старата дама лесно може да остане без место во Лигата на шампионите и на три кола до крајот се наоѓаат само на петтото место со тежок распоред во последните три кола.
И нема добра атмосфера во соблекувалната на торинскиот великан. „Газета дело Спорт“ тврди дека соиграчите се свртеле против Португалецот и дека тој е прилично осамен.
Овој печат наведува дека играчите на Старата дама не се во добри односи со Роналдо. Тие мислат дека, за разлика од нив, тој има премногу слобода и прави што сака.
Така, ден по поразот од Милан (0:3), Роналдо пропушти тренинг за да ја посети фабриката на Ферари во Маранело, но тој не беше сам.
Во негово друштво беа претседателот на клубот Андреа Ањели и извршниот директор Џон Елкан, а остатокот од тимот не го сфати многу добро отсуството на Роналдо.
Порано отсуствуваше од тренинг често поради разни когнитивни обврски. Многу соиграчи сметаат дека не е фер тој да има поинаков третман од нив и поради тоа ги оладија односите со португалската ѕвезда.
Лесно може да се случи Кристијано Роналдо да го напушти торинскиот клуб на крајот на сезоната. Тој наводно побарал да замине во случај клубот да не се квалификува во Лигата на шампионите, но останува да видиме што ќе се случи.
Роналдо е член на Јувентус од 2018 година, а на 130 натпревари постигна 99 голови.