Пред 11 години Горан Пандев стана третиот Македонец кој успеа да го освои трофејот од Лигата на шампионите, откако во финалето во Мадрид неговиот Интер славеше победа од 2-0 над германскиот гигант, Баерн Минхен.
Во финалето на Лигата на шампионите, кое се играше на „Сантијаго Бернабеу“, Интер го совлада Баерн Минхен со 2-0. Стрелец на двата гола за „нероаѕурите“ беше Диего Милито, а дел од стартниот тим на Интер беше и Горан Пандев.
Таа сезона покрај трофејот во Лигата на шампионите, Пандев се закити и со трофеите од Серија А и Купот на Италија. Струмичанецот во Интер остана до 2012 година, одигра 47 натпревари во кои постигна 6 гола, а тоа лето премина во редовите на Наполи.