ФУДБАЛ

Заминувањето на великанот го расплака Гвардиола: Никој не може да го замени… (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја прослави титулата во Англија.

На крајот на сезоната, „граѓаните“ го совладаа Евертон со 5:0, а на овој натпревар Серхио Агуеро се прости од дресот на „граѓаните“ во Премиер лигата.

Аргентинецот влезе во второто полувреме и постигна два гола, и се прости од клубот каде мина 10 години на најдобар можен начин.

После мечот, Пеп Гвардиола плачеше поради Агуеро и тврди дека никој не може да го замени.

“Го сакаме. Тој е посебна личност за нас”, рече Гвардиола и додаде:

“Тој е многу добра личност, како и фудбалер. Не можеме да го замениме”, рече расплаканиот Пеп Гвардиола.

Агуеро кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Тој веќе договори двегодишен договор вреден 10 милиони евра со каталонскиот тим.

Последниот натпревар во дресот на Сити може да го игра во финалето на Лигата на шампионите, кое е закажано за следниот викенд.

Сјајниот напаѓач го носеше дресот на Манчестер Сити во последните 10 години. Одигра 389 натпревари и постигна феноменални 260 голови.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига