ФУДБАЛ

ВИДЕО: Ливерпул претстави нов дрес кој изгледа многу интересно

Екипата на Ливерпул денес претстави нов сет на дресови за гости.

Американскиот производител на спортска опрема Најк подготви навистина одличен дрес за тимот од Енфилд, што многу потсетува на некои минати времиња.

Фудбалерите на Ливерпул ќе имаат и јаки и копчиња, па овој дрес многу потсетува на обична маица.

Во редовите на англискиот великан тие се презадоволни од она што им го достави Најк и не го криеја тоа задоволство.

Изгледот на дресот е дефинитивно многу интересен и привлечен за очи.

Треба да се напомене дека новиот член на клубот, Ибрахим Коната, позираше со новиот дрес и беше откриено дека тој ќе го носи бројот 5 во дресот на „црвените“.