Лионел Меси прифати значително намалување на платата следната сезона и наскоро ќе потпише нов договор со Барселона.
Ѕвездата на каталонскиот гигант остана без договор на крајот на оваа сезона, но никој не се сомневаше ниту во потпишувањето на новиот договор меѓу двете страни.
RAC1 денес носи информација дека Меси се договорил со управата на клубот за значително намалување на платата и во првата сезона од договорот ќе заработи „само“ околу 20 милиони евра со одредени бонуси.
Ова ќе му помогне на клубот да ги исполни условите на Ла Лига за финансиски фер-плеј, но платата на Меси ќе биде многу поголема следната сезона во споредба со сезоната 2021/2022, но не е познато за која бројка станува збор. Исто така, засега не се познати бројките што ќе се заработат во преостанатите години од договорот.
🚨 Messi and Barcelona have reached an agreement for a new five-year deal, sources have confirmed to @moillorens and @samuelmarsden 🚨
Sources also confirmed Messi has taken accepted a significant wage reduction to prolong his stay 💸 pic.twitter.com/Iq75nYt7RB
— ESPN FC (@ESPNFC) July 14, 2021
Новиот договор на аргентинскиот велемајстор ќе биде обврзувачки за Барселона до 2026 година, а планот е потписот да биде официјализиран до крајот на оваа недела. Исто така, поставена е и клаузула за компензација и таа ќе изнесува дури 600 милиони евра.
Да потсетиме, претходниот четиригодишен договор на Меси со каталонскиот гигант донесе нереални 555 милиони евра.
Лионел Меси ја помина целата своја професионална кариера во Барселона. Одигра 778 натпревари за клубот од Камп Ноу и постигна 672 голови.