ФУДБАЛ

Легендата шокирана по веста за заминувањето на Меси од Барселона

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро е „шокиран“ од заминувањето на Лионел Меси од Барселона.

Многумина беа изненадени од вчерашната објава на Барселона за разделба со нивниот најдобар играч и икона. По речиси две децении, Меси повеќе нема да игра во дресот на Барселона.

“Очекував дека ќе ја заврши кариерата во Барселона, па малку сум шокиран по веста за неговото заминување. Сите бевме убедени дека тој ќе остане до крајот на кариерата во Барселона. Требаше да ја започне сезоната во дресот на Барса, испраќаше позитивни пораки, се чинеше дека е најдобро … “, рече Дел Пјеро, и додаде:

“Tој ќе започне нова авантура сега и нешто поинакво. Не сакам да го осудувам, нашиот свет е посебен. Тоа може да биде негова одлука или заедничка, можеби и најдобро за двајцата, но прерано е да  се зборува за тоа“.

„Ако ме прашувате мене, би сакал играчот на Барселона да остане до крајот“, заклучи поранешниот ас на Јувентус.

Дел Пјеро ја помина целата кариера во Јувентус, станувајќи играч со најмногу настапи и најдобар стрелец во историјата на Старата дама.