ФУДБАЛ

Париз ја чека sвездата: Меси е насекаде – дури и во Лувр (ВИДЕО)

Се е подготвено за промоција на Лео Меси. ПСЖ во текот на денот најави официјална промоција на новото засилување на Ајфеловата кула, а на социјалните мрежи на ПСЖ ги израдува фановите со уште едно видео и го најави доаѓањето на аргентинската sвезда.

Трансферот што привлече најмногу внимание летово, и поради начинот на кој ја напушти Барселона, и затоа што ќе биде соиграч на Нејмар и Мбапе, конечно ќе се реализира. Лео Меси во текот на денот ќе биде официјално претставен како ново засилување на ПСЖ.

Целиот Париз е во знакот на Меси, а со новото видео на Твитер, францускиот клуб сакаше токму тоа да им го покаже на навивачите. Меси е насекаде, дури и во Лувр.

Тој во вторникот пристигна во француската престолнина со своето семејство за да го потпише договорот.