Неколку дена пред почетокот на новата сезона, Јувентус се согласи за доаѓањето на големо засилување.
Јавна тајна е дека средниот ред е најслабата алка на Старата дама и токму во тој дел од тимот беа побарани засилувања во текот на целиот преоден рок.
„Бјанконерите“ одамна се обидуваа да го доведат Мануел Локатели, а преговорите за доведување на европскиот шампион со Италија траеја една недела.
Од Италија пристигнуваат информации дека Сасуоло и Јувентус денес пронашле заеднички јазик и дека трансферот е завршена работа.
Локатели прво ќе се приклучи на клубот од Торино на позајмица, а Старата дама се обврза дека ќе го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Accordo trovato tra #Juve e #Sassuolo: #Locatelli approda alla corte di Allegri // Juve and Sassuolo have reached an agreement for Locatelli 🤝⚪️⚫️@Goalitalia @Goal pic.twitter.com/vNvyAhsQQj
— Romeo Agresti (@romeoagresti) August 17, 2021
23-годишниот фудбалер експлодираше минатата сезона во Сасуоло, а тој самиот имаше желба да се пресели во Јувентус, на крајот работата беше завршена онака како што практично сите страни посакуваа.
Порасна во Милано. Првите минути во сениорскиот фудбал му ги даде Алегри кој сега ќе го тренира во Јувентус.
Останува да видиме дали Јувентус ќе го донесе Миралем Пјаниќ во преостанатите 10 дена од преодниот рок, бидејќи тој веќе доведе еден играч од средниот ред.
„Бјанконерите“ ја отвораат новата сезона во недела, со непријатно гостување кај Удинезе.