Барселона веќе подолго време го следи Карим Адејеми (19), но каталонскиот клуб ќе има силни ривали за услугите на играчот на Ред Бул Салцбург.
Адејеми, кој исто така дебитираше за германската репрезентација во септември, е еден од најбараните ветувачки играчи денес
Фудбалерот, роден во 2002 година од мајка Романка и татко Нигериец, го привлече вниманието на многу познати клубови во Европа.
Еден од тимовите што чека што ќе се случи со Адејеми е Ливерпул.
Британските медиуми пренесуваат дека „црвените“ се подготвени да поднесат понуда за новиот играч во јануарскиот преоден рок, за да ги обезбедат услугите на играч со светла иднина во светскиот фудбал.