ФУДБАЛ

ВИДЕО: Снимките од соблекувалната на Парма покажуваат каква легенда е Буфон

Џанлуиџи Буфон одлучи да ја продолжи професионалната кариера и на 43 -годишна возраст го чува голот на Парма.

Враќањето во редовите на тимот во кој израсна предизвика различни реакции кај навивачите, но 43-годишната легенда навистина носи многу за овој клуб.

Каква легенда е Буфон покажува сцената од соблекувалната каде Џиџи феноменално се забавува со многу помлади момци од самата себе.

Се играше лист, камен, ножица, а Буфон, судејќи по снимката, ја зафати конкуренцијата.

Атмосферата во тимот на Парма е навистина феноменална и очигледно е дека управата на клубот го направи вистинскиот потег со доведувањето на Буфон.

Буфон ја започна својата кариера во младинските категории на Парма во 1991 година. Четири години подоцна стана голман на првиот тим и бранеше до 2001 година кога замина во Јувентус.

Тој го напушти Торино во 2018 година, но по сезоната во ПСЖ, повторно се врати меѓу „бјанконерите“ со кои ја прекина соработката летото оваа година.