Сега официјално постои виновник за смртта на аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала. Поранешниот фудбалер на Нант го загуби животот во авионска несреќа на Ла Манш заедно со 59-годишниот пилот Дејвид Иботсон.
Обвинет е Дејвид Хендерсон, кој беше организатор на патувањето на 28-годишникот од Франција во Велс, откако потпиша со Кардиф Сити.
66-годишникот беше обвинет дека го ставил животот на Сала во опасност за непромислено одобрување на лет во лоши услови.
Телото на Аргентинецот е пронајдено во авионот две недели по настанот на длабочина од 67 метри. Додека телото на 59-годишниот пилот никогаш не беше пронајдено.
Во октомври 2020 година, за време на сослушувањето, Хендерсон се изјасни за невин по обвиненијата во судот и беше ослободен со кауција до следното рочиште. Исто така, се покажа дека лиценцата на пилотот Иботсон за летање со комерцијални авиони истече во ноември 2018 година.