ФУДБАЛ

Бомба од Шпанија: Мбапе пристигнува, но не во Реал Мадрид?

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, би можел да ги напушти редовите на ПСЖ на крајот од сезоната.

Договорот со францускиот репрезентативец со ПСЖ истекува на крајот на оваа сезона, а бидејќи тој не потпиша нов, се поизвесно е неговото заминување од ПСЖ, но и од Франција.

Наводно, најблиску до потпис на овој одличен фудбалер е Реал Мадрид, но последните информации кои доаѓаат од Шпанија не одат во прилог на „кралскиот клуб“.

Имено, тамошните медиуми тврдат дека во борбата за Мбапе ќе се вклучи Барселона, која е подготвена да му понуди неверојатни 90 милиони евра на офанзивниот фудбалер на име бонус за потпишување договор.

Реал, барем според Барселона, е подготвен да му понуди на Мбапе 50 милиони евра на име бонус за потпишување договор, а токму тоа го гледаат во каталонската гордост како своја шанса во борбата за францускиот репрезентативец.

Покрај тоа, Барселона верува дека може да му понуди на Мбапе поголем годишен приход. Наводно, Реал е подготвен да издвои 17 милиони евра за неговата годишна плата.

Да потсетиме, Мбапе оваа сезона одигра 10 натпревари во францускиот шампионат и постигна пет гола на кои додаде и четири асистенции.