ФУДБАЛ

Протекоа информации, фотографија со резултатите од гласањето за Златната топка кружи низ социјалните мрежи

На социјалната мрежа „Твитер“, се појави фотографија со резултатите од гласањето за победникот на Златна топка 2021.

Според информациите од сликата, победник е напаѓачот на Бајерн Минхен, Роберт Левандовски.

Полскиот фудбалер има 627 гласа. Следува играчот на ПСЖ, Лионел Меси, а по него е Карим Бензема од Реал Мадрид (526).

Гласањето заврши на 24 октомври. Сепак, името на добитникот ќе стане познато дури на официјалната церемонија на Златната топка, која ќе се одржи на 29 ноември во Париз.

Во 2019 година Меси ја освои наградата, а во 2020 година церемонијата не беше одржана поради пандемијата.