ФУДБАЛ

Рекордерите Бразилци слават ново патување на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Бразил синоќа обезбеди учество на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Бразилците имаат невидено добри квалификации. Во Сао Паоло ја победија Колумбија со 1-0, а голот на одлука го постигна Лукас Пакета на асистенција на Нејмар во 72. минута. Тоа значи дека Бразил на шест кола пред крајот оствари пласман на Мундијалот.

Пред нив Мундијалот го освоија репрезентациите на Данска и Германија, како и домаќинот Катар кој автоматски се пласираше.

Инаку, ова ќе биде 22. настап на Бразилците на светските првенства и е единствената селекција која настапувала на секој голем турнир.

Чиле оствари важна победа од 1-0 на гостувањето кај Парагвај, со истиот резултат Еквадор ја победи Венецуела на домашен терен, додека Перу ја совлада Боливија со 3-0.

Дуелот меѓу Уругвај и Аргентина ќе започне ноќта од петок кон сабота точно на полноќ според средноевропската пресметка на времето.