Споменатиот француски клуб по крајот на сезоната би можел да го напушти играчот од средниот ред на Лил Ренато Санчес.
Имено, според странските медиуми, Лил е подготвен да го продаде Санчез во летниот преоден рок, чиј договор со францускиот клуб истекува летото 2023 година.
За неговите услуги има многу заинтересирани, а италијанските медиуми пишуваат дека меѓу нив е и Милан. Наводно, челниците на Росонерите во португалскиот репрезентативец гледаат замена за Франко Кесие, кој сепак не ја прифаќа понудата за продолжување на соработката.
Но, Милан не е единствениот италијански клуб кој би сакал да го види португалскиот играч за врска во своите редови. На Санчез му „фрлија око“ и Рома и Јувентус, но поради добрите односи со Лил, клубот од градот на модата е најголемиот фаворит за негово доведување.
Да потсетиме, Санчес пристигна во Лил во 2019 година од Баерн, а во досегашната кариера настапуваше за Бенфика и Свонси Сити.
Сезонава за Лил одигра осум натпревари во сите натпреварувања, а за францускиот тим одигра вкупно 67 натпревари со ефект од пет гола и шест асистенции.