ФУДБАЛ

Го сакате Халнд? Не е проблем, но ќе мора да платите милиони за неговиот татко и Раиола

Норвешкиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд сигурно е најбараниот играч во светот.

Како што се наближува зимскиот преоден рок, се повеќе се шпекулира за судбината на Халанд, односно името на неговиот клуб.

Многу европски великани сакаат да го видат овој одличен 21-годишен напаѓач во своите редови, а меѓу нив е и Барселона, чиј претседател Жоан Лапорта со сите сили сака да го ангажира Норвежанецот.

Но, во Барселона се свесни дека тоа ќе биде тешко, особено откако се појавија информации дека од трансферот на Халнд се очекува огромна финансиска провизија од неговиот менаџер Мино Раиола и неговиот татко.

Медиумите блиски до Барселона пишуваат дека покрај 75-те милиони евра со кои наводно би се задоволила Борусија, за трансферот на Халанд потребни се уште 60 милиони, од кои 40 за Раиола, а 20 за таткото на Халанд.

Да потсетиме, оваа сезона Халанд одигра 11 натпревари за Борусија во сите натпреварувања и постигна 14 гола на кои додаде и три асистенции.

Да додадеме дека Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи се многу заинтересирани за Халанд, пренесуваат странските медиуми.