ФУДБАЛ

Клоп за прекинување на Премиер лигата: Ни треба помош

Коронавирусот прави големи проблеми во англиската Премиер лига.

Натпреварите се одложуваат, а денеска се очекува состанок на раководството на лигата.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека е загрижен за продолжување на шампионатот.

“Игравме во среда, недела и вторник. Тоа не е можно. Сакаме да играме, но ќе ни треба помош околу распоредот. Најважното нешто за кое треба да разговараме е дали можеме да продолжиме или не. Ако продолжиме, тогаш не можеме како што планиравме. „Ако не можеме и направиме пауза, тоа е во ред. Пред короната рекоа дека имаме малку густ распоред, но сега короната ни го зададе вистинскиот удар и ни рече дека не можеме да продолжиме вака“, вели темпераментниот експерт.

Во Англија играта се игра со брзо темпо за време на Божиќ и Нова Година, а со оглед на зголемениот број на играчи позитивни на коронавирус, сега се е доведено во прашање.

Во текот на викендот се одиграа само четири натпревари во Премиер лигата, што е случај без преседан.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига