ФУДБАЛ

Пукна „петарда“ на „Ванда“: Атлетико го исфрли Рајо и се пласираше во осминафиналето

Атлетико Мадрид се пласираше во осминафиналето на Купот на кралот.

Рајо Мајадахонда беше номинален домаќин на Атлетико Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“, а шпанскиот шампион славеше со високи 0:5.

Во 17. минута домаќините го пронајдоа Куња, Лоди седум минути подоцна го удвои водството, а во 41. минута Луис Суарез погоди за 0:3, што беше резултат по првите 45 минути.

Второто полувреме донесе уште два гола во мрежата на Рајо кои ги постигнаа Гризман и Жоао Феликс.

Претходно синоќа победија Кадиз, Жирона, Хихон, Севиља, Елче и Атлетик Билбао.

Двојките од осминафиналето ќе бидат одредени со ждрепка.