Ерлинг Халанд ќе ја напушти Борусија Дортмунд, јасно им е сите.
Многу клубови се поврзаа со него, а Депортес Куатро пред неколку дена објави дека Халанд ќе избира меѓу три клуба и тоа Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити.
Една врата изгледа е затворена за Халанд, а тоа е Манчестер Сити.
Иако Гвардиола изјави дека не му треба напаѓач, медиумите на Островот пишуваат дека новото засилување на Манчестер Сити ќе биде Јулијан Алварез, 21-годишниот напаѓач на Ривер Плата.
Наводно, Сити за неговата услуга ќе издвои 24 милиони евра, а до крајот на сезоната фудбалерот би останал на позајмица во аргентинскиот клуб за кој веќе има постигнато 36 гола и подели 25 асистенции.
Халанд дефинитивно ќе оди во Шпанија, а се чини дека моментално е нешто поблиску до Барселона отколку Реал Мадрид.
Одличниот напаѓач оваа сезона одигра 19 натпревари за Милионерите и постигна дури 22 гола со шест асистенции во сите натпреварувања. Вкупно, Норвежанецот одигра 77 натпревари за моментално второпласираниот тим во Бундеслигата и постигна 78 гола со 21 асистенција.
Да потсетиме, кариерата ја започна во Норвешка Брин, од каде замина во Молде. Во јануари 2019 година го засили Ред Бул Салцбург, каде што „експлодира“ и за една година премина во Борусија.
За норвешката репрезентација, 21-годишниот фудбалер на 15 настапи постигна 12 гола.