Бразилец се приклучува на англискиот култен клуб Њукасл.
Бруно Гимараеш е играч од средниот ред кој ќе биде најновото засилување на богатиот клуб од „Сент Џејмс Парк“. Тој во петок ќе оди на лекарски преглед во Бразил, а наскоро и официјално ќе стане член на популарните страчки.
Фудбалерот го бараа Манчестер Јунајтед и ПСЖ, на крајот пресудија парите на Њукасл. На Лион ќе му бидат исплатени 42,5 милиони евра, а доколку Њукасл остане во лигата Французите ќе добијат нови осум милиони бонуси. Тоа значи дека трансферот би можел да биде вреден над 50 милиони евра.
24-годишниот Гимараеш оваа сезона за Лион забележа 25 настапи во сите натпреварувања и забележа шест асистенции. За репрезентацијата на Бразил има три настапи.
Во Лион, тој знаеше дека покрива неколку позиции, што дава дополнителна широчина, а менаџерот на Њукасл, Еди Хау беше експлицитно за негово купување.
Да потсетиме, тој во Лион пристигна во 2020 година од бразилскиот Атлетико Паранаенсе, а кариерата ја започна во Гремио.
Тој е третото засилување на Њукасл оваа зима по Киеран Трипие од Атлетико Мадрид и напаѓачот Крис Вуд од Барнли.
Се верува дека нема да заврши тука …