Навивачите на турскиот клуб Гозтепе во својата кореографија за мечот против Алтај вклучија и две македонски знамиња. Развеани на трибината преполна со навивачи, предизвикаа емоции кај македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ. Тој не беше во составот на Гозтепе поради повреда, а неговиот тим загуби со 0:2.
Самиот Јаховиќ ја сподели фотографијата на својот Инстаграм и напиша: „Немам зборови“.
