Фудбалерите на Челзи во моментов го играат полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство против Ал-Хилал.
Челзи е голем фаворит на овој меч, а „сините“ веќе на стартот од мечот покажаа дека сакаат што поскоро да го решат прашањето за победникот.
По неколку пропуштени прилики, Челзи успеа да дојде до предност во 32. минута.
Хаверц центрираше од левата страна, а топката среќно се одби од еден од дефанзивците на Ал-Хилал и дојде до Лукаку кој лесно погоди за 1:0.
https://twitter.com/i/status/1491457840820944898