ФУДБАЛ

Неочекувана честитка до Атлетико по освојувањето на Лига Европа

Реал Мадрид минатата ноќ уште еднаш ја покажа својата големината.

Откако нивниот градски ривал Атлетико ја освои Лига Европа по трет пат во својата историја, честитки дошле и од „Кралскиот“ клуб.

“Честитки за Атлетико Мадрид за титулата во Лига Европа во Лион”, објавено на официјалниот Твитер профил на Реал Мадрид.

Се разбира, ова е потег за секоја пофалба, особено ако знаеме дека повеќето ривалски тимови немаат обичај да честитаат ваков успех, но Реал Мадрид уште еднаш ја покажа големината.

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа