Руската агресија врз Украина започна на 24 февруари.
Три фудбалски репрезентации од костурот на мини бараж турнирот за Мундијалот на кој се и Русија – Полска, Чешка и Шведска најавија дека нема да играат против оваа селекција, а сега Албанија и зададе голем спортски удар на Русија.
Имено, Албанците решија да не учествуваат во ниту еден спорт против Русија, се додека трае инвазијата на Украина.
„Албанија нема да учествува на никакви спортски натпревари со Руската Федерација до крајот на украинската окупација“, изјави албанскиот министер за надворешни работи Олте Џаке.
Инаку, Албанија е сместена во групата заедно со Русија во Лигата на нации и требаше да одиграат натпревар на 2 јуни во Тирана, а реванш на 13 истиот месец на руска територија.
Останува да видиме што ќе биде од тие натпревари.
Да потсетиме, ФИФА донесе одлука Русија да може да се натпреварува под името „Фудбалска федерација на Русија“, без својата химна, знаме и навивачи и на неутрален терен.